Tuesday 25 September 2012

Прва награда


Го декориравме овој цртеж рано наутро. Навечер се враќавме дома касно уморни и не ни се црташе. Утрото кога трбаше да го предадеме на школо, Розе реши дека сепак сака да учествува во натпреварот за најубав дизајн. Ги собравме боите кои ни требаа , неколку самолепливи лепенки, цврста површина на која ќе цртаме. Тато возеше, мама во задното седиште со Розе. Розе успеа да го нацрта додека колата се движеше, со сето тресење и мрдање за едно 10-15 минути. Цртежот е мама, тато и Розе под виножито кое е создадено од Тинкербел.

Бев восхитена кога го видов, и веднаш го ставив на фејбоок. http://www.facebook.com/photo.php?fbid=10151236397719553&set=a.10150404391789553.402824.678384552&type=3&theater

Сепак, во неделата отидовме до фестивалот и првин го видовме цртежот закачен до влезот. Сите помисливме дека тоа е тоа, нема награда. Кога прошетав низ шаторот, сосема случајно заприметив дека има уште една копија од цртежот на Розе со ѕвезда и на ѕвездата „ Победник’. Погледнав уште еднаш, и уште еднаш, и ѕште еднаш...

Клекнав до Розе и и посочив со прст кон цртежите: „ Види кој победи, оној цртеж со ѕвезда“. Насмевка и го облеа лицето. Ги викна баба и дедо и тато да им покажи дека таа победи.
Секако ја сликавме...


No comments:

Post a Comment