Monday 17 September 2012

Гребнатинка

Денес Розе се врати од на школо со гребнато лакто. Ми рече дека не плачела кога паднала, не и кажала на учителката, само на другарките. Ми објасна дека се лизнала.

Малку бев вознемирена што учителката не знае кога дечињата се повредуваат. минатата недела имаше гребнато коленце. Кога ја отворив „контакт книгата“ учителката ми имаше напишано дека Розе паднала за време на одморот и не сакала пластер.

Не сака пластери затоа што кога ќе ги одлепиме, болат. Ја прашав како знае дека пластерите болат кога нема пробано. Таа ми рече „ Па размислив и ми текна“.

No comments:

Post a Comment