Saturday 19 November 2011

Танцување

Розе од секогаш сака да танцува. Да носи кондури како балерина.

Сабајлево ја однесов во школо за танц. Не сакаше ниту да влези без мене, а не дозволуваа родители во собата за танцување. Едно пола сат се убедувавме и на крај решивме да си одиме. Иако најдобрата другарка и беше внатре, Розе не сакаше да влези.

Убаво би било кога Розе ќе има хоби, но не верувам дека ако ја силам ќе ужива. Неколку мајки ми рекоа дека и нејзините деца пред да влезат се противат и не сакаат, ама кога ќе влезат уживаат. Не се согласувам со нив затоа што половината од децата во класот не ја копираа учителката, само седеа здрвени и збунети.

http://m.demotivation.us/parents-know-best-1244168.html

Parents know best

Thursday 17 November 2011

Посета на школото

Дојде време да избираме и да аплицираме за основно училиште. Денес школото што е до нејзината градинка имаше отворен ден и ја зедов Розе со мене.
Училиштето е во една стара барака, но на Розе очигледно и се допадна. Сакаше да остани да игра.
Бевме група на родители и имаше 2 девојчиња во групата. Розе и едно од девојчињата во која и да е соба и училница ќе си играа со што и да е додека ние возрасните слушавме што ни кажуваа за школото.

Дури кога бевме во една од градините, каде што немаше играчки, Розе и нејзината нова другарка заедно креваа трупци дрва и ги редеа едни до друг да направат мост.

Штета што кога ја оставив во нејзината градинка почна да плачи и не сакаше да остани.

Нестрплва е да порасни.

Tuesday 15 November 2011

Најдобриот дел од денот

Навечер пред да си легниме таа ме прашува мене и јас ја прашувам неа:„ Што беше најубавото нешто денес?„

Денеска за неа беше кога лепевме заедно. Конечно седнавме да направиме неколку новогодишни честитки. И за малку се степавме кој ќе лепи. Таа инсистираше да мачка лепак и да ги става на картата и морам да признам изгледаат многу добро.

Ќе треба наскоро да ставам слики да видите што правиме :)

Monday 14 November 2011

Први дома

Обично јас стигнувам прва од на работа но денес Гав и Розе ме престигнаа. На работа беше многу напорно и утре не е ништо подобро. Но кога ќе се вратам дома Розе трча да ме прегрне и се ми поминува.

Оваа вечер беше расположена за муабет, па разговаравме со сите на скајп(бато, тато и цеца). Брзо дојде време за спиење. Само што завршивме со јадење и разговори дојде 7сатот.
Измивме запчиња и ја легнав.

Пак плачеше зошто баба и дедо не живеат со нас. Им се јави , т.е. ме натера јас да им се јавам. Кога Најгел ми крена слушалка му реков : „ Розе сака да ви посака добра ноќ“. И Розе викна : „ НЕ!!! Не сакам да им посакам добра ноќ. Дедо дојди овде кај нас. “

Секако не испадна по нејзиното. Ние сме овде, тие се таму. Се обидов да и објаснам дека знам како се чуствува. Мачно е кога не можеш да бидеш со сите што ги сакаш. Тешко е кога мора да избериш да бидеш со едни, а ви исто време тоа значи дека нема да бидеш со други.

Се обидов да и објаснам дека и јас сум во иста ситуација. За да бидам со Гав и неа, морам да не бидам со мојата мајка, татко, баба и дедо.

И реков: „ Замисли си како ќе биде кога пак ќе се сретните нареден пат. Мисли си на средбите а не на разделбите.“.

Тоа ја смири, и сега спие мирно во нејзиното креветче.


Sunday 13 November 2011

Растргната на пола

Имавме прекрасна вечера со Маргарет и Најгел во најомилениот ресторан на Гав : http://www.frankieandbennys.com/

Добив попуст за студенти така што сметката беше една петтина помала. Тоа беше феноменално.

Розе првин се налути затоа што порачав лимонада за неа а не кока кола. Ама уживаше во храната и ја испи лимонадата. Танцуваше и пееше цела вечер. Беше пресреќна што баба и дедо беа тука со нас.

Се вративме дома и букиравме билети за македонија. Вчера вечер добив е-маил дека има понуда за летови за наредно лето, и ги добивме по доста добра цена.

Предложив Росе да оди да спие кај баба и и дедо и затоа што веќе беше доцна и ако спие кај нив нема да мора утре сабајле да стани рано. Баба и и Дедо и ја сакаат да спие кај нив и Розе обично преспива по една вечер неделно.

Овој пат кога дојде време да си речиме чао, Розе почна да плачи. Ем не сакаше да остани ем не сакаше да оди. Беше растргната помеѓу желбата да биде со нас и со желбата да биде со нив. Сакаше тие да останат на спиење, или ние да одиме со нив и со неа во нивкната куќа.

После долго збогување и објаснување, се реши да оди со нив. И објаснав дека не можиме секогаш да сме заедно, и ако оди со нив не значи дека помалку ме сака мене или јас неа помалку ја сакам. Само значи дека јас ќе спијам во една а таа во друга куќа и ќе се видиме утре.

До утре, лека ноќ.



Saturday 12 November 2011

Пак спиеше во мојот кревет

И минатава вечер Розе дојде да спие во нашиот кревет. Станав два пати да ја вратам во нејзиниот и сабајлево во 6 сатот пак беше до мене. Гав стана во 8 затоа што грчи како дрва да сечи.

Ја прашав зошто доаѓа секоја вечер во нашиот кревет. Ми даде неколку причини:
-- Мојата соба е многу темно
-- Креветот на мама е многу мек и топол
-- Морав да дојдам да те чувам да не падниш од крајот на креветот.

Како да се расправам со неа?

Friday 11 November 2011

Се помочка во пантолоните

Денес прв пат после неколку години се помочка во гаќите додека беше во градинка. Секогаш оставам резервни алишта во градинка во случај да ти требаат ама никогаш ги немаш употребено. И баш сабајчево се мислев дали да престанам да носам торба со алишта.

Кога те прашав зошто не отиде до WC ми рече : „ Бев Зафатена“. Се обидов да ти објаснам дека ако почуствуваш дека треба WC треба да престаниш што и да е да работиш и да одиш. Ти рече:
„ Ама мамо, не мора да одам до  WC. Затоа имам резервни алишта. “

Каде ќе спие Дејзи?

Дејзи е другарче на Розе во градинка. Сеуште ја немам запознаето мајка и, а Розе веке две недели како зборува дека сака Дејзи да дојде на спиенка кај нас.

Вечерва те оставив во твоето креветче да спиеш. После неколку минути стана, дојде во кујната цела расплачена, малото брадиче ти трепереше.

Целата беше вознемирена затоа што ако Дејзи дојде да спие, немаме креветче за неа. Минатиот викенд гостинското креветче се скрши. И ми рече: "Ако Дејзи спие во моето креветче со мене, ке ме турни и јас ќе паднам од креветчето. Нема место за две девојчиња да спијат во моето креветче. Каде ќе спие Дејзи?„.

Утре се договоривме со мајка и на Дејзи да се сретниме за прв пат во локалниот парк. Денес прв пат имавме телефонски разговор. Колку што Дејзи ти значи тебе, толку и ти и значиш на Дејзи. Пред да ја запознаеш Дејзи ти не сакаше да одиш во градинка. Исто и Дејзи пред да те запознае тебе не сакаше да оди во градинка. Откако се запознавте, двете престанавте да плачите и цел ден се држите за раце.

Вчера ми рече дека плачеше кога Дејзи замина без да те гушни. Дејзи е само пола ден во градинка.