Sunday 25 November 2012

Пишување писма

Оваа недела Розе нон стоп пишуваше писма и честитки. Неверојатно, знае да пишува цели зборови (кратки зборчиња) и ги препознава сите букви. Првин беше љубовно писмо до мејзиниот дечко.



Потоа честитки за сите другарки и роднини.


Еве како изгледа додека пишува. Не ми дозволи да ја ссликам.



Sunday 18 November 2012

Недела наутро

Папагалот решил да е петел и секое савајле го салутира сонцето . Савајлево беше погласно затоа што беше и гладен. Сите тројца се преправавме дека спиеме. Гав е подобар во преправањето од мене. Кога повеќе не можев да издржам го турнав од креветот да оди да му даде барем храна.
Ги слушнав малечките чекорчиња во ходникот и Гав : "Врати се да спиеш, прерано е. " Седум на савајле е дефиниција за рано, но срце не ме држи да останам в кревет кога знам дека Розе е вудна. Се одлепив од топлиот кревет и ја најдов во нејзиниот како гледа во таванот.
"Јас ќе ти направам доручек, мамо. Што сакаш?"
Срцето ми се стопи.
Ја поставив нејзината малечка масичка в кујна, го ставив члебот, млекото и ерокремот на нејзин дофат и ја оставив.

Направи лепче и ерокрем со млеце за мене и нејзе. Ги донесе во дневната со голема грижа и внимание. Златно мое 4годишно ангелче.
Се гушкавме на троседот додека јадевме и направивме планови за денот што следи- само ние и никој друг.


На школо оваа недела има учено за прославата на светлината (Divali) и направивме rangoli шема (http://www.activityvillage.co.uk/rangoli.htm) и направивме гердани.


Исто така направивме кукли, но Розе реши дека ќе ги задржи и не ги дава.

Отидовме на доктор и и даде антибиотик за кашлицата. Поминавме до продавница да го земеме лекот но и други равоти ни скокнаа во кошничката, така што потрошивме повеќе отколки што очекувавме. 

Ја разравотив маѓината за шиење и направив фустан за барбиката. Розе трева да нацрта нешто на платното. 


Се на се оваа недела беше доста продуктивна .