Monday 3 September 2012

Прв ден на школо (вечерта)

Вечерва, пред првиот ден на школо се спремавме заедно. Розе се потпиша на ташните.

Оваа ташна ќе е за на школо и дома. За книги. Црвените букви се нејзини. Беше внимателна да ги постави буквите на линиите. 


Оваа ташна ќе остани на школо со нејзината опрема за физичко. Плавите букви се нејзини. 
Најзиниот клас се вика Penguins ( што значи пенгвини).

Прегорда сум што знае како да си го напише името внимателно. 

Мојот најголем страв е дека нема да можам да се спремам на сабајле на време да стигниме на школо. Не дека не се имам порано спремано и стигнувано на време, ама никогаш не сум била толку одговорна за уште едно сустештво. Затоа направивме ваков план..


Малку е наопаку сликата ама , се гледа во што е штосот. Секој ден на сабајле Розе ќе треба да си го намести креветот, да се облече и да се најаде и да исчешла коса и заби на време. Ако сето тоа го направи на време на сабајле , после школо ќе ја наградам со нешто. Се договоривме во Вторник да направиме нешто заедно, во Среда ќе одиме на пливање, Во Четврток на јавање, во Петок ќе гледаме филм до доцна со куп чоколадо. Сите овие „награди“ таа ги избра, јас само одлучив во кои денови ќе ги правиме.

Си ја спрема униформата и сега најголемо прашање е дали јас ќе можам да станам на време ?

No comments:

Post a Comment