Thursday 16 August 2012

Сакам да сум во Македонија

Денес Розе праша уште колку дена додека да одиме за Македонија? Девет или десет?

И рековме дека за сега немаме планови да одиме, и таа рече дека не сака да е повеќе во Англија, сака да е во Македонија „ Таму горе“ и покажа со прстето ко небото.

Да, си помислив, таму поблиску до рајот Ч)

Се срами

Сабајлево , пред да излезиме пак поцна да се жали дека ја чешка газето и инсистираше да и ставам крем. Ја прашав:
- Како тоа газето те чешка само кога јас сум со тебе. Никогаш не те чешка кога си само со тато, или на школо, или со баба и дедо.
- Е па мама, моето чешкање се срами од сите други ама од тебе не. Некогаш се срами и од тебе, ама не секогаш. 

Wednesday 8 August 2012

Дипломирање од градинка





Може не е гомале работа ама е прв чекор. 

Плетенки




Розе обожава вакви плетенки.

Голф


Откако го испративме тато назад, отидовме прв пат да игрме голф и на Розе и се допадна. Еве неколку слики и видеа. Бевме во "Bluewater"