Friday 11 November 2011

Каде ќе спие Дејзи?

Дејзи е другарче на Розе во градинка. Сеуште ја немам запознаето мајка и, а Розе веке две недели како зборува дека сака Дејзи да дојде на спиенка кај нас.

Вечерва те оставив во твоето креветче да спиеш. После неколку минути стана, дојде во кујната цела расплачена, малото брадиче ти трепереше.

Целата беше вознемирена затоа што ако Дејзи дојде да спие, немаме креветче за неа. Минатиот викенд гостинското креветче се скрши. И ми рече: "Ако Дејзи спие во моето креветче со мене, ке ме турни и јас ќе паднам од креветчето. Нема место за две девојчиња да спијат во моето креветче. Каде ќе спие Дејзи?„.

Утре се договоривме со мајка и на Дејзи да се сретниме за прв пат во локалниот парк. Денес прв пат имавме телефонски разговор. Колку што Дејзи ти значи тебе, толку и ти и значиш на Дејзи. Пред да ја запознаеш Дејзи ти не сакаше да одиш во градинка. Исто и Дејзи пред да те запознае тебе не сакаше да оди во градинка. Откако се запознавте, двете престанавте да плачите и цел ден се држите за раце.

Вчера ми рече дека плачеше кога Дејзи замина без да те гушни. Дејзи е само пола ден во градинка.


No comments:

Post a Comment