Денес утрото се разбудивме не зневме што ќе правиме. Отидовме до најголемотата радио станица во Кент за да кажиме неколку зборчиња на Македонски.
Розе иако обично е срмежлива овој пат кажа како се вика и колку е голема. Ама целата беше зарипната и многу беше тивка.
После тоа отидовме на фарма.
http://www.farming-world.com/
Затоа што времето не беше убаво и беше работен ден бевме само ние и уште едно семејство. Сепак ни ги покажаа дивите птици ( утови и соколи) кои ги одгледуваат од бебиња и се припитомени. Доагаа кај нас на рака и можевме да ги галиме. Еден од бебињата утоби (европски ут) старо само неколку месеци ми седеше в скут. Беше многу нежно и меко.
Розе првин не сакаше да се приближи. Ниту другото детенце не сакаше да ги допре и припитомувачката на дивите птици се зафркаваше дека прв пат родителите се позаинтересирани од децата. Ама на крајот и Розе го галеше буфот.
После тоа Тато и Розе играа во игралиштето заедно. Мама не можеше затоа што имаше штикли што пропаѓаа во калта.
No comments:
Post a Comment