Friday, 18 May 2012
Friday, 11 May 2012
Денес утрото се разбудивме не зневме што ќе правиме. Отидовме до најголемотата радио станица во Кент за да кажиме неколку зборчиња на Македонски.
Розе иако обично е срмежлива овој пат кажа како се вика и колку е голема. Ама целата беше зарипната и многу беше тивка.
После тоа отидовме на фарма.
http://www.farming-world.com/
Затоа што времето не беше убаво и беше работен ден бевме само ние и уште едно семејство. Сепак ни ги покажаа дивите птици ( утови и соколи) кои ги одгледуваат од бебиња и се припитомени. Доагаа кај нас на рака и можевме да ги галиме. Еден од бебињата утоби (европски ут) старо само неколку месеци ми седеше в скут. Беше многу нежно и меко.
Розе првин не сакаше да се приближи. Ниту другото детенце не сакаше да ги допре и припитомувачката на дивите птици се зафркаваше дека прв пат родителите се позаинтересирани од децата. Ама на крајот и Розе го галеше буфот.
После тоа Тато и Розе играа во игралиштето заедно. Мама не можеше затоа што имаше штикли што пропаѓаа во калта.
Monday, 7 May 2012
Пишуваме
Баба |
Додека се бањавме денеска, и реков на Розе да напише „баба“ и еве што направи. Буквите се играчки за во када и не мислев дека ке се корисни но згрешив. Затоа што после тоа напишавме и неколку други зборови.
Х реј |
Сама ги најде буквите ама јас и кажав кои букви да го најде. Сама ги препозна. „me“ значи „јас“ а „egg“ е јајце.
И помогнав да ги препознае и најде буквите и да ги подреди. Малку се покомплицирани зборови.
Има една прекрасна игра што и помага да ги науци буквите. http://www.bbc.co.uk/cbeebies/alphablocks/games/alphablocks-games/
Генерално ги сака игрите на http://www.bbc.co.uk/cbeebies/games/atoz/. Самата ги менува игрите и повекето може сама да ги игра.
Friday, 4 May 2012
Subscribe to:
Posts (Atom)