Saturday, 27 October 2012
Tuesday, 25 September 2012
Прва награда
Го декориравме овој цртеж рано наутро. Навечер се враќавме дома касно уморни и не ни се црташе. Утрото кога трбаше да го предадеме на школо, Розе реши дека сепак сака да учествува во натпреварот за најубав дизајн. Ги собравме боите кои ни требаа , неколку самолепливи лепенки, цврста површина на која ќе цртаме. Тато возеше, мама во задното седиште со Розе. Розе успеа да го нацрта додека колата се движеше, со сето тресење и мрдање за едно 10-15 минути. Цртежот е мама, тато и Розе под виножито кое е создадено од Тинкербел.
Бев восхитена кога го видов, и веднаш го ставив на фејбоок. http://www.facebook.com/photo.php?fbid=10151236397719553&set=a.10150404391789553.402824.678384552&type=3&theater
Сепак, во неделата отидовме до фестивалот и првин го видовме цртежот закачен до влезот. Сите помисливме дека тоа е тоа, нема награда. Кога прошетав низ шаторот, сосема случајно заприметив дека има уште една копија од цртежот на Розе со ѕвезда и на ѕвездата „ Победник’. Погледнав уште еднаш, и уште еднаш, и ѕште еднаш...
Клекнав до Розе и и посочив со прст кон цртежите: „ Види кој победи, оној цртеж со ѕвезда“. Насмевка и го облеа лицето. Ги викна баба и дедо и тато да им покажи дека таа победи.
Секако ја сликавме...
Tuesday, 18 September 2012
Нашата куќа од картон
Тато ни ја направи додека мама готврше. А идеата беше од Розе. Цели 2 недели бараше да донесиме кутии, да ги залепиме заедно и да направиме куќа од картон каде што ќе црта на сидовите и ќе лепи и се што сака. Тато дури ја направи подобро одколку што очекуваме затоа што додае и светло и може да го вкључи и исклучи. 

И мама ја собра во куќичката.
Monday, 17 September 2012
Гребнатинка
Денес Розе се врати од на школо со гребнато лакто. Ми рече дека не плачела кога паднала, не и кажала на учителката, само на другарките. Ми објасна дека се лизнала.
Малку бев вознемирена што учителката не знае кога дечињата се повредуваат. минатата недела имаше гребнато коленце. Кога ја отворив „контакт книгата“ учителката ми имаше напишано дека Розе паднала за време на одморот и не сакала пластер.
Не сака пластери затоа што кога ќе ги одлепиме, болат. Ја прашав како знае дека пластерите болат кога нема пробано. Таа ми рече „ Па размислив и ми текна“.

Will Adams фестивал
Беше првата Сабота откако почна школо. Се разбуди уморна и не сакаше да оди никаде.
Инсистирав да одиме на фастивалот во близина. И отидовме ама на Розе ништо не и се правеше. Имаше многу изведби и ракоротворби каде што дечиња можат да направат нешто: хартија, нараквица од волна, капа, цртеж, змеј, да удираат на тапани итн. На Розе не и се правеше ништо. Само една капа.
После помина едно сат време на игралиште.

Tuesday, 4 September 2012
Прв ден на школо
Ги ставив сликите на фацебоок - http://www.facebook.com/media/set/?set=a.10151214594344553.502325.678384552&type=1
Кога ја собирав од на школо, проплакав затоа што ќе пукнев од гордост.
Кога сакала да кажи нешто, требало да дигне рака. И рекла- Јас одам секаде каде што сакам со кола.
Ама беше разочарана затоа што ништо не научила денес, цел ден само си играла .
Гав дојде со нас до на школо и двајцата ја испративме нашата принцеза.

Бевме први и чекавме едно пола сат. Како тато да ми е татко.
Гав дојде со нас до на школо и двајцата ја испративме нашата принцеза.
Subscribe to:
Posts (Atom)